Здружението на туристички водичи и придружници „Кеј“ од Охрид е еснафско здружение кое делува на територијата на градот Охрид, но и на целата територија на Република Македонија. ЗТВП Кеј-Охрид се залага за остварување на правата на туристичките водичи и придружници пред туристичките агенции. Главен постулат на ЗТВП Кеј-Охрид се етичките вредности кои би требало да се применуваат во туристичкото работење со посебен акцент на лојалноста помеѓу колегите во еснафот.